Cleaf започнува да се развива како фамилијарна идеја да се создаде убаво и практично решение за мебел и внатрешно уредување. Во 1990-та година започнуваат свое производство со што стартуваат една нова ера за Cleaf, но и нова ера за внатрешното уредување. Оттука започнува трката во создавање најдоброто, најлуксузното за секое парче мебел за секој агол во домот, канцеларијата и големите продажни салони.

Покрај производство на иверки, Cleaf имаат и свое производство на ABS траки за секој декор. Со тоа се добива луксузна целина со гарантиран квалитет.

И, додека сите брендови се борат во една насока – да ја доловат структурата на дрвото или да создатат совршена мат структура, Cleaf оди чекор понапред и создава декори и структури кои пленат со уникатност и пак ги надминуваат сите останати. Токму затоа Cleaf е прв избор на архитектите ширум светот.